Press "Enter" to skip to content

Фото вест: ОФС Битола додели фудбалски топки на шест училишта од Битола

Во просториите на ОФС Битола, Општинскиот фудбалски сојуз од Битола, беа доделени фудбалски топки, на училиштата кои се дел од проектот “Фудбал во училиштата“ донација од Фудбалската федерација на Македонија и ФУСМАК. Фудбалски топки добија и професорите од две училишта од Битола кои се во проектот “Фудбал во училишта за девојчиња“.

Фудбалската Федерација на Македонија ќе продолжи континуирано преку проектот “Фудбал во училиштата“ да помага и да им дава поддршка на најмалите во остварување на нивните сонови и унапредување на своите знаења и вештини.

More from ВестиMore posts in Вести »