Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: 65 годишна жена тешко повредена како пешак, повреда на работно место

На 19.10.2022 во 15.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. „8-ми Септември“ во Битола, патничко моторно возило „опел вектра“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 21 годишно лице од село Беранци, Општина Могила, удрило во пешак на возраст од 65 години од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила пешакот констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола. 
 
На 19.10.2022 во СВР Битола било пријавено дека во Клиничката болница во Битола со повреди бил пренесено 33 годишно лице  од Битола. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал градежни работи за фирма на објект на улица „Никола Тесла“ во Битола. Известен бил трудов инспектор, а увид извршила увидна екипа на СВР Битола.
More from ВестиMore posts in Вести »