Македонскиот народ, денес го одбележува 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Во знак на почит на овој значаен ден од македонската историја, пред споменикот на Даме Груев во Битола, свежо цвеќе положија пратеничката Силвана Ангелевска, заменик градоначалникот Бојан Бојкоски.
Цвеќе положија и претставници на Советот на општина Битола, Сојузот на борци, како и претставници на политички партии, организации и граѓани.
-Поклон до земја за основачите кои во 1893 година во Солун ја основале Македонската револуционерна организација со цел ослободување на македонскиот народ од империјализмот и превласта на околните сили и остварување на неговите основни права на самостојност и идентитет, рече заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски, честитајќи го денешниот празник.
Историската борба на македонските револуционери, продолжува да биде наш пример и обврска во денешнината, за гордо и истрајно чекорење напред, кон храбро надминување на предизвиците и создавање подобра иднина за генерациите кои доаѓаат.

Во Битола 23. Октомври одбележан со полагање цвеќе на споменикот на Даме Груев (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Уште 1.700 рачни бомби и тромблонски мини пронадени и отстранети на Тумбекафе во Битола
- “Секој е шампион“ – секој заслужува можност да учествува, да се дружи, да победува и да биде прифатен
- СВР Битола: пријава за вознемирување по телефон и социјални мрежи, физички напад, приведување за нарушување на ред и мир
- Во Битола свечено отворена 9. меѓународна научна конференција “Towards a Better Future“
- „Barcelona“ ќе одекне во Филхармонија: Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует на „Flowers Symphony 2“





