По повод патрониот празник и одбележувањето на 102 години од раѓањето и 80 од смрта на Стив Наумов ОУ “Стив Наумов“, Битола започна со целонеделни активности. Денес се реализира крводарителска акција на која крв даруваа наставници, родители на која масовноста беше голема.
Се одиграа и спортски натпревари, а главниот настан ќе се одржи на 27.10.2022 во Центарот за култура голема сала во 19 часот.
Директорот Никола Пискачев јавно се заблагодари за реализираните настани за големата соработка со наставниците родителите и сите кои учествуваат и ги повикува сите да присуствуваат на главната манифестација.
Стив Наумов ликот и делото заслужува да биде достојно одбележан, порачаа од ОУ “Стив Наумов“.






