Press "Enter" to skip to content

Трибина на СДСМ во Битола, зборуваа премиерот Ковачевски и претседателот на СДСМ во Битола, Драган Крајовски (фото)

Во големата сала на Центарот за култура во Битола СДСМ ги започна трибините со граѓаните, а во преполната сала зборуваа премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на битолските социјалдемократи Драган Крајовски.Претседателот на СДСМ и Владата на трибината рече:-Јас реков дека нема да седам по кабинети, туку ќе бидам со граѓаните. Тука сум заедно со вас, со граѓаните. Ги слушам и ги следам вашите мислења и ставови, пофалби и критики. Сакам да зборувам со вас за мерките и политиките на СДСМ, за мојата и нашата визија за иднината на нашата македонска држава, изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Битола.Тој додаде дека ќе ги искористи граѓанските трибини за да даде отчет за сработеното, но и да ги слушне предлозите, забелешките и мислењата на граѓаните, но как0 рече не е задоволен од внатре-партиското единство и другарство во партијата. -Зошто? Затоа што има голем број на членови особено на повисоки позиции на кои им е поважно, да се расправаат кој на која позиција е и кој на која позиција не треба да биде, наместо да излезат на улица да ги спротистават ставовите со политичките опоненти и на граѓаните јасно и гласно да им порачаат дека се членови на СДСМ, партија која учествуваше во признавањето на МПЦ и канонско единство со сите останати цркви, дека се од партија која ја направи државата членка на НАТО, дека се од партија која историски ја зголеми минималната плата, ги зголеми пензиите, тоа треба да прави вистински член на СДСМ, а не да се седи на страна и да се гледа кој на која позиција бил, кој на која не бил. Премиерот Ковачевски додаде дека се реализира и економскиот пакет економски мерки вреден 400 милиони евра за поддршка на граѓаните, а продлабочувањето на светската криза донесе потреба и од нов сет мерки, донесени во консултации со сите засегнати страни, вреден 360 милиони евра.-Над 200.000 граѓани финансиски ќе ги помагаме во следните четири најтешки месеци. Пензионерите со пензии до 14.000 денари, самохраните родители, примателите на гарантирана минимална помош, стечајните работници, ќе добиваат помеѓу 1.500 и 3.000 денари во следните четири месеци како помош да се справат со кризата. Државната помош продолжува и за компаниите, а најдоцна до први декември ќе го претставиме посебниот пакет мерки за компаниите кои произведуваат основни производи како леб и масло за јадење“ рече Ковачевски.Претседателот на општинската организација на СДСМ Битола, Драган Крајовски прв се обрати вечерва на партиската трибина во Центарот за култура. Тој рече дека локалната самоуправа ништо не направила, туку само се фалела со проекти оставени од претходната локална самоуправа предводена од СДСМ.-Утре да се случат избори, СДСМ во Битола ќе победи. СДСМ смета на вас и вие може да сметате на Битола, рече на крајот од својот говор Крајовски обраќајќи се кон лидерот на партијата Димитар Ковачевски.

More from ВестиMore posts in Вести »