Денес, среда, 26 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 24 степени.
Утре, четврток, 27 октомври, во Битола времето ќе биде сончево со мала, а на југоистокот со умерена облачност. Наутро ќе има услови за слаба магла по одделни котлини. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурата во Битола до 24 степени.