Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: со закана одземени пари, физички напад, каснување од куче скитник и сообраќајни контроли

На 25.10.2022 во СВР Битола било пријавено дека околу 21.30 часот во колонијална продавница на ул. „Младински бригади“ во Битола едно лице со закана кон вработената одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25.10.2022 во 20.42 часот во СВР Битола, П.С. од Битола пријавила дека на ул.„Кочо Рацин“ во Битола нејзиниот сопруг на возраст од 56 години од Куманово бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 25.10.2022 во СВР Битола, Г.Ј.(38) од Битола пријавил дека кај место викано „Јени мaале“ во Битола неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

Во текот на денешниот ден  (26.10.2022)во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е акциска за првенство на минување. При контролата констатирани и законски санкционирани се 8 возачи. За време на контролата биле санкционирани и  останати 17 прекршоци. 

More from ВестиMore posts in Вести »