Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и претставници на СВР Битола, попладнево, извршија увид во месноста Кисела вода, каде се наоѓа чешмата, која за жал во последните две децении одзеде повеќе животи.
Во разговорот со дел од жителите од околните населени места, беше истакнато дека досегашните решенија на поставување челична ограда и табла како предупредувачки знак за опасноста која се заканува, не дале резултат.
Поради што неопходно е во решавањето на проблемот да се пристапи со вклучување на стручни лица од сите институции надлежни за оваа проблематика.
Иако едукативното и советодавно делување кај населението е доста важно и истото веќе се спроведува, градоначалникот Коњановски, нагласи дека општината ќе се заложи за што е можно побрза координација со државните институции и извршување на соодветна интервенција која нема да дозволи, несреќите да се повторуваат.

Градоначникот и претставници на СВР на увид кај чешмата кај Кисела Вода, стручни лица трајно да го решат проблемот
More from ВестиMore posts in Вести »
- Уште 1.700 рачни бомби и тромблонски мини пронадени и отстранети на Тумбекафе во Битола
- “Секој е шампион“ – секој заслужува можност да учествува, да се дружи, да победува и да биде прифатен
- СВР Битола: пријава за вознемирување по телефон и социјални мрежи, физички напад, приведување за нарушување на ред и мир
- Во Битола свечено отворена 9. меѓународна научна конференција “Towards a Better Future“
- „Barcelona“ ќе одекне во Филхармонија: Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует на „Flowers Symphony 2“





