Press "Enter" to skip to content

Никола Ивановиќ, десен бек, најново засилување за Еурофарм Работник

Управата на Еурофарм Работник продолжува со комплетирање и засилување на тимот за наредната сезона во која според сите активности ќе има големи амбиции. По неколку засилување Еурофарм Работник го промовира и најновото засилување, а тоа е 20-годишниот десен бек од Србија, Никола Ивановиќ.

Ивановиќ е млад ракометар, роден во Суботица, кој се наметна во Црвена Звезда и Партизан и го носеше дресот на младата репрезентација на Србија.

Овој талентиран ракометар веќе го потпиша договорот и наскоро ќе му се стави на располагање на тренерот Илија Темелковски и стручниот штаб.

Еурофарм Работник од следната сезона ќе настапува во квалификациите за ЕХФ Купот.