Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: повреден пешак кај Ат-пазар, физички напад на “Охридска“, каснување од куче скитник, превентивни активности

На 31.10.2022 во 19.03 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Прилепска“ и ул. „Караџова“ во Битола, патничко моторно возило „фолксваген“, управувано од  74 годишник од село Лавци, битолско, удрил во пешак на возраст од 63 години од Битола. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 31.10.2022 во СВР Битола, Н.П. (36) од Битола пријавил дека на ул. “Охридска“ во Битола бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 31.10.2022 во СВР Битола, Љ.Н. (52) од село Долно Оризари, битолско, пријавил дека на ул. “Васко Каренгелевски“ бил каснат  од куче скитник.

Полициски службеници при Секторот за внатрешни работи Битола во рамки на превентивните активности што се реализираа изминатиов период, а под мотото – “Сигурноста и безбедноста на граѓаните – наша обврска“, денеска (01.11.) во Битола продолжија со средби и разговори со граѓаните. Притоа, на повеќе локации низ градското подрачје на Битола тие во непосредна комуникација со граѓаните, особено оние од повозрасните старосни категории, разговараа за превенцијата на имотните деликти. Исто така, при посетите на деловните објекти, полициските службеници ги посочуваа начините и можностите за превенција од овие видови имотни деликти, особено нагласувајќи ја потребата од правовремено алармирање и соработка со полицијата преку користењето на бесплатните телефонски броеви 112 и 192. На граѓаните им беа делени и едукативни летоци со базични информации во насока на поголема внимателност и заштита од имотни деликти. 

More from ВестиMore posts in Вести »