Денес во Средното земјоделско училиште “Кузман Шапкарев“ во Битола се одржа уникатен настан, кој училиштето го организира во соработка со коњаница “Галоп“ од Битола.
-Учениците од ова средно училиште и нивните гости од други основни училишта од Битола низ интересен и забаван пристап, близок до учениците учеа за коњите. На настанот беше демонстрирано како се негуваат коњите, како се заседлуваат, подговуваат за јавање и дресираат, рече директорот на Земјоделското училиште, Благојче Кривевски.
Атракција беше коњот Торнадо кој изведуваше интересни акробации.
Дружењето помеѓу учениците продолжи со журка со ди-џеи и секој присутен, вклучително и најмалите имаше можност да јава некој од 5-те коњи, вклучително и малото пони коњче.
[ngg src=”galleries” ids=”1234″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






