На 03.11.2022 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола лишиле од слобода двајца битолчани. При претрес во нивните домови, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин и банкноти во различни апоени, како и хероин, дигитална вага и предмети со остатоци од хероин. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Во СВР Битола, 36-годишен маж од Битола пријавил дека во Битола бил физички нападнат од неговата сопруга со која бил во бракоразводна постапка и нејзиниот партнер. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 03.11.2022 во СВР Битола, А.И.(33) од Битола пријавила дека на улица „Смилевски конгрес“ во Битола физички било нападнато нејзиното малолетно дете од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 03.11.2022 во СВР Битола, Л.Б.(64) од Битола пријави дека на ул.„Солунска“ во Битола била касната од куче скитник. На 03.11.2022 во СВР Битола, А.Т.(21) од с.Кукуречани пријавила дека во с.Кукуречани била касната од куче скитник. На 03.11.2022 во СВР Битола, Е.Ц.(44) од Битола пријавил дека кај сточниот пазар во Битола бил каснат од куче скитник.