Денес, понеделник, 7 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Температурата во Битола до 17 степени.
Утре, вторник, 8 ноември, во Битола времето ќе биде претпладне со магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 17 степени.