Општествено одговорната компанија “Кромберг и Шуберт“ донираше опрема за потребите на Центарот за поддршка на учењето на децата со попреченост при ОУ “Ѓорѓи Сугарев“ – Битола.
Станува збор за специјализирана опрема за опремување на Монтесори кабинет со која што опрема специјалните едукатори и рехабилитатори од ова училиште ќе можат да ги користат монтесори принципите во едукацијата и рехабилитацијата на децата со попреченост.
-Нашето училиште изразува благодарност до општествено одговорната компанија “Кромберт и Шуберт“ која со оваа вредна донација ќе ги подобри условите и квалитетот за едукација и рехабилитација на децата со попреченост. Би сакал ова да биде мотив и за другите компании да учествуваат со вакви донации во нашето училиште со што би го помогнале и самиот процес на инклузија, истакна директорот на училиштето м-р Роберт Филиповски.

Компанијата “Кромберг и Шуберт“ со донација за ОУ “Ѓорѓи Сугарев“ за опремување на “Монтесори кабинет“
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Тра-ла-ла“ – празник на детската песна во Битола
- Градоначалникот Коњановски пред советниците за првата година од вториот мандат
- АЛТА банка во знакот на штедењето – активности за најмладите и продолжени промотивни услови за депозити
- Употребата на дигиталните платформи и сајбер насилството во училишната средина
- СВР Битола: пронајдено починато лице – телото дадено на обдукција, нарушен јавен ред и мир





