Се ближат новогодишните и божиќните празнувања кога неизоставно се организираат бројни пригодни обележувања по тој повод, а во овие прослави и празнувања се вклучија и учениците од втора година од Горната Гимназија од Битола.
Секако, најмалите, а воедно и нашите најмили дечиња нетрпеливо ги очекуваат ветените подароци и средбите организирани за нивно доделување.
Во просториите на библиотеката при гимназијата “Јосип Броз Тито“ во Битола синоќа се доделија новогодишни поклони за децата на вработените.
За таа прилика неколку ученици од II2 и II4 клас заедно со библиотекарот организираа претстава со сопствено сценарио, музика и текст во новогодишен амбиент.
Претставата и целата приредба ја подготвија и изведоа Ангела Ивановска, Дамијана Ристевска, Горјан Трајковски, Јана Мојсовска, Изабела Кенковска, Михаил Дурловски и Михаела Лазаров.
Присуствуваа поголем број дечиња заедно со своите родители уживајќи во настапот на нашите ученици.
Во добро расположение на крај се доделија пакетчињата, но истовремено се напишаа искрени желби за очекувања во идната година.
Библиотеката на нашата гимназија стана препознатливо место за вакви и слични настани поврзани со дружење, едукација и култура како добар пример и на ниво на локална заедница.

Ученици од Горната Гимназија од Битола организираа новогодишна претстава по сопствено сценарио (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Тра-ла-ла“ – празник на детската песна во Битола
- Градоначалникот Коњановски пред советниците за првата година од вториот мандат
- АЛТА банка во знакот на штедењето – активности за најмладите и продолжени промотивни услови за депозити
- Употребата на дигиталните платформи и сајбер насилството во училишната средина
- СВР Битола: пронајдено починато лице – телото дадено на обдукција, нарушен јавен ред и мир





