Синоќа на платото пред Офицерки дом во Битола во ударниот термн во 20 часот настапи Камерниот оркестар на Битола со “JAMES BOND SYMPHONY“, а уште се одржа претставата за деца “Светот на Биби“, хорот кој го води Марина Коруновска “Поп рок хор“ и групата “Ние запирка другарите“.
Во старата битолска чаршија настапија групите “Преродба“, Дајание и Сара, “Маестрал“ и “Адути бенд“.
Денес продолжува “Зимската приказна“. Во старата чаршија, на пешачката улица ќе настапат “Енис бенд“, дуото “Латино бенд“, групата “Фаворити“ и групата “Бонус“.
На платото пред Офицерски дом ќе се одржи детска театарска претстава “ЗИМСКА ПРИКАЗНА“, и групите “CORROSION“, “ФОЛТИН“ и “GROOVE“.
[ngg src=”galleries” ids=”1338″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″]






