Општина Битола, ги завршува отпочнатите инфраструктурни активности. Градоначалникот Тони Коњановски, денеска изврши увид на работата на терен и асфалтирањето на втората делница од улицата „Булевар 1 Мај“, со што и овој проект влегува во завршна фаза. Градоначалникот, изрази голема благодарност до граѓаните за трпението кое го покажаа деновиве, додека траат работните активности, до СВР Битола за дадената поддршка и регулирањето на сообраќајот во овој дел на градот во деновите кога раздвиженоста на граѓаните е особено голема. Коњановски, се заблагодари и на изведувачите за нивната ангажираност и работа и во вечерните часови, со што дадоа поддршка на посветеното работење на општината за успешно завршување на оваа градежна сезона.
Со овој проект, беше опфатена реконструкција на коловоз, канализација и водовод на „Булевар 1 Мај“, од улицата „Добривое Радосављевиќ“ до улицата „4 Ноември“. Завршувањето на проектот, вклучува комплетно уредување и поставување на ново улично осветлување со 25 канделабри на потегот од „Мал Безистен“ до улица „4 Ноември“. Вкупната вредност на овој проект изнесува 17.802.287 денари.

Се асфалтира “Булеварот 1- Мај“
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Тра-ла-ла“ – празник на детската песна во Битола
- Градоначалникот Коњановски пред советниците за првата година од вториот мандат
- АЛТА банка во знакот на штедењето – активности за најмладите и продолжени промотивни услови за депозити
- Употребата на дигиталните платформи и сајбер насилството во училишната средина
- СВР Битола: пронајдено починато лице – телото дадено на обдукција, нарушен јавен ред и мир





