Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес го посети гинеколошко – акушерското одделение во Клиничката болница во Битола, каде во првото јануарско утро од оваа година, се роди првото женско новороденче Христина.Мајката Сара Поп Атанасова го донесе на свет во 1:42 после полноќ.
Дежурните доктори прим. д-р Елизабета Чипуровска и д-р Христо Ѓорѓиевски, раководителката на одделението Маја Аврамовска и директорот на болницата, д-р Александар Обедниковски.
Обедниковски го информира градоначалникот и за тоа како поминала новогодишната ноќ, без дополнителни ангажирања на одделенијата и ургеннтаното одделение, или како рече вообичаена ноќ, но и со 90 прегледи на детското одделение.
В0 новогодишната ноќ, пред полноќ, беа родени уште две здрави деца, машко и женско, од мајките Виолета Начковска Митровска и Риние Мемедовска.
Со најубави желби, градоначалникот Коњановски им ја честиташе приновата на родителите, подарувајќи им вредносен ваучер на родилките и подароци за новороденчињата.

Градоначалникот Коњановски со подароци за новородените во Клиничката болница (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 21 степен
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Во Битола “Саем на кариера 2025“ на ФИКТ на УКЛО (фотогалерија)
- Во Битола се полагаше тест за вработување во Клиничка болница Битола и општите болници во Прилеп, Охрид и Кичево (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)