Над 60 вљубеници во планината од 10 градови, годинава ја доживејаа магијата на првото изгрејсонце на Пелистер. По 12 пат, во организација на “Олумпус Монс“ од Битола, се реализираше турата со симболично име “Први на први“ за ноќно искачување на највисокиот врв на Баба Планина, со цел првото изгрејсонце во Новата година да се дочека на 2601 метар надморска височина, а искачувањето го започнаа неколку минути после полноќ, од Инфоцентарот на НП “Пелистер“ на 1.350 мнв, или како битолчани го викаат тоа место “Вилата на Лазо“.-Искачувањето, како е познато е по патека долга 14 км, преку, “Цапарска пресека“, “Ловечка куќа“, се до врвот Пелистер каде пристигнавме околу 5.30 часот. „Први на први“ е прв спортски настан на Балканот, можеби и поширок, и полека но успешно прераснува во еден препознатлив битолски бренд. Со овој настан сакаме да ja поттикнеме љубовта кон планината и планинарењето, вели Иванло Тошевски, претседател на “Олимпус Монс“ организатор на настанот.-Секогаш магијата на првото изгрејсонце на Пелистер е уникатна, денес посебно, поради ведрото време, а годинава надополнета со огномет. Настанот „Први на први“ е во рамките на новогодишната програма на Општина Битола, “Зимска приказна“.
“Први на први“ 60 планинари се искачија на Пелистер во организација на “Олумпус Монс“ од Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)