Денешната Бадниковата поворка, внесе радост и во Општина Битола, младите гласници на најубавата вест, во општинската зграда влегоа пеејќи ја песната “Вечниот бог“, а на нивните уморни мали раце ја внесоа и пештерата и ѕвездите, навестувајќи го Христовото раѓање.
Младите гласници во општината беа пречекани од заменик градоначалникот Бојан Бојкоски, претседателката на Советот на општина Битола, Габриела Илиевска и советниците Анета Ѓоргиевска и Борче Корлевски.
Претседателката на Советот на општина Битола, Габриела Илиевска, им се обрати на дечињата и рече:
-Вие сте најдрагите гости во Општина Битола, бидејчи ја носите веста за Христовото раѓање. Сакам да Ви се заблагодарам во име на градоначалникот Тони Коњановски за посетата и за се што направивме денес во Битола, да го најавите Христовото раѓање.
На сите мали гости им беа поделени божикни пакетчиња.
[ngg src=”galleries” ids=”1349″ exclusions=”15557,15556″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ order_by=”filename”]






