Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: бронхопневмонија

Со д-р Васил Чипуровски информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за бронхопневмонија за што вели:

-Пневмонијата е инфекција на белодробен паренхим која можи да настани од бактерии, вируси, рикетсии, габи, паразити. Начин на трансмисија на микроорганизмите кои предизвикуваат пневмонија е преку аспирација на патогени микроорганизми од орофаринкс најчесто за време на спиење и е поизразено кај лица со нарушен свест состојба после мозочен удар, алкохоличари, неконтролиран дијабетес и хипотиреоза и интубирани пациентиитн, вдишување на инфективни аеросоли, директна инокулација при  рани и трауми и хематогена дисеминација кај лица интравенски зависници од дрога кај лица со интравенски катетери итн.

Почетно инфламаторните процес е лоциран во алвеолите и интерстициум потоа на бронхите, кога ќе е раширен на цел лобус има лобарна пневмонија, понекогаш кога некротизирачкото белодробно ткиво ќе се испразни во белодробни патишта се формираат кавитети шуплини и некротизирачка пнеумонија.

Најчести предизвикувачи во болниците се pseudominas aeruginisa, staphylococcus aureus додека во вонболнични услови streptococcus pneumoniae, mycoplasma pneumoniae, haemophilus influenza. Клинички најзначајна е висока температура, кашлица со експекторација на жолтозеленикав исплувок, трески, малаксаност, диспнеја и отежнато дишење итн.

Во поставувањето на дијагнозата покрај клиниката, анамнеза битни се и лабораториски параметри ЦРП, Ле, изолирање патоген од култура од спутум, рентгенографија, КТ и во поново време примената на ехото на белите дробови на кое консолидацијата се прикажува како хипоехогени зона различна по форма и големина и хиперехогени динамичен бронхограм понекогаш со пропратна плеврална ефузија па се до големи пнеумонии со хепатизација -tissue like промени на белодробниот паренхим кога личи на хипоехогени црнодробен паренхим.

Лекувањето е секогаш во зависност од причинителот и тежината на манифестација на пневмонијата кај секој пациент индивидуално со антимикробни, кортико, бронходилататори, витаминотерапија, одмор.