Press "Enter" to skip to content

По успешната сезона на кугларите на Хераклеја, Битола може да остане и без кугларски натпревари

Кугларската федерација на Македонија ги извести кугларите на Хераклеа, кои се едни од најдобрите во Македонија и имаат межународни натпревари, дека е донесена одлука во најбрз можен рок да ја информираат федерација во која куглана ќе ги играат своите натпревари како домаќини идната натпреварувачка сезона.

Во образложението се вели дека пријавената куглана во спортската сала “Младост“ не ги задоволувала критериумите во член 6, од усвоените пропозиции и останатитет акти на КФМ и WNBA – NBC, а според тоа сите натпревари битолските куглари ќе ги играат надвор од Битола.

Битолскиот кугларски клуб Хераклеја преку сооштение се огласи за новонастанатата состојба во кое го пренесуваме во целост.

Почитувани,

Во пресрет на состанокот на членови на кугларските клубови од Македонија би сакале да го искажеме ставот и гледиште кон предлогот за пропозиции за наредната 2018/19 година.

Доколку тенденција е да се исфрли кугланата во Битола (согласно член 6) од официјални натпреварувања, без писмена најава и време барем од 1-2 години за прилагодување, ќе се нанесе огромна штета со тенденција овој спорт во целост да замре во Битола налик на Струга (имајќи ги предвид финансиските, човечките и логистичките ресурси на клубот).

Во овие мигови каде што за првпат имаме силна гаранција дека ќе се поместат нештата од мртва точка, Вие можете да го уништите тој процес на кој ние како битолчани упорно работевме изминатите десетина години.

Би сакале ова писмо да допре до вас пред кој било да донесе одлука по повод ова прашање. Наше е да посочиме на последиците и одговорноста на секој поединечно кога се носат вака суштинско битни промени.

Ве молиме, во име на клубот и во името на сите куглари од Битола, доколку не можете да ни помогнете, да не ни одмогнувате. Работиме во интерес на куглањето и кугларскиот спорт и оваа генерација е жртва на општествените прилики, а тоа не е во наша моќ да го промениме.

Кугларски поздрав!