По летната пауза која ја имаа битолските спортисти полека се враќаат во кондиција и ги започнуваат подготовките за наредната сезона.
Сите битолски прволигашки клубови се веќе во тренажен процес. Први започнаа фудбалерите на Пелистер, пред некој ден двете ракометни суперлигашки екипи Пелистер и Еурофарм Работник, а работат под полна пареа и женските екипи на ЖРК Пелистер, ЖФК Топ Гол, а останаа уште само кошаркарите на Пелистер.
Низ спортската “чаршија“ се зборува дека нов тренерски тандем кој ќе ги води кошаркарите во новата сезона ќе биде од екс-тренерите на овој клуб Предраг Созовски и Драган Наумов, но од страна од Управата на клубот нема официјална потврда или демант на оваа вест.
Објективот на нашиот фото-апарат ги улови Созовски и Наумов заедно, а за што разговаа и дали тоа е новиот тренерски тандем останува наскоро да дознаеме.
С.Р.