Тренерот на фудбалскиот клуб Пелистер, Томче Трајановски денес под Тумбекафе ќе ја има првата контролна стредба во Битола против екипата на Победа, откако ја презеде екипата и веќе ги одработува подготвките за наредната сезона во која ќе се обидар експресно да се вратат во Првата лига.
Денес во Битола ќе настапат сите фудбалери со кои располага Пелистер, и најновото засилување Валентин Колевски кој дојде од прилепска Победа, но ќе го нема Коњарски кој замина од тимот.
Ова е втора контролна средба на Пелистер за овие подготовки, а првата ја имаше во Скопје, против Работнички каде победи со 2:1. По овој контролен натпревар фудбалерите на Пелистер ќе имаат уште еден против младиската селекција на Македонија.