Синоќа на истата локација, каде беше изведена и првата претстават, на новата сцена на Центарот за култура, се одигра втората претставата “Приказна за тркалото“, на детскиот “Бабец театар“чиј автор е Ивица Шимич од Хрватска, уметничкото оформување е на Јулијана Мирчевска, а игра актерот Васко Мавровски.

Пред започнување на претставата Јулијана Мирчевска ги поздрави присутните дечина и им се пофали дека вчера беше 8. роденден на “Бабец тетарот“ и дека ова е само најава за интернационалниот детски фестивал “Битолино“ кој ќе се одржи на почетокот на септември.

Сите дечиња уживаа во претставата “Приказна за тркалото“, а актерот Васко Мавровски успеа да го задржи вниманието на дечињата во текот на 40 минуит додека траеше претставата. Од приказната за тркалото која со многу реквизити им ја раскажа Васко, дежињата многу и научија, а тој им рече да ја продолжат и дома.

Инаку “Бабец театарот“ склучи договор за соработка со театарот „Мала сцена“ од Загреб, Хрватска со кој ги доби авторските права за реализација на театарската претстава за деца „Приказна за тркалото“ и “Приказна за светлото“ се со цел реализација на долго најавуваниот проект “Театар од пелени“. Претставите се наменети за деца од 1,5 години до 8 години.

“Приказна за тркалото“ и “Приказна за светлото“ ќе бидат првите и единствени претстави во Македонија за деца помали од 2 години кои иако не разбираат се во целост, но со сите сетила ја доживуваат убавата слика и зборовите со кои им раскажуваме за светот кој ги опкружува.

Двете претстави се изведени во рамките на “Бит Фест 2018“.
[ngg_images source=”galleries” container_ids=”180″ display_type=”photocrati-nextgen_basic_thumbnails” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_width=”240″ thumbnail_height=”160″ thumbnail_crop=”0″ images_per_page=”20″ number_of_columns=”0″ ajax_pagination=”0″ show_all_in_lightbox=”0″ use_imagebrowser_effect=”0″ show_slideshow_link=”1″ slideshow_link_text=”[Show slideshow]” order_by=”sortorder” order_direction=”ASC” returns=”included” maximum_entity_count=”500″]

На 8. роденден на “Бабец театарот“ изведена и втората по ред претстава “Приказна за тркалото“ (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Златна камера 300 за кинематограферот Лукаш Жал на 47. ИФФК „Браќа Манаки“ (фотогалерија)
- Македонска премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јаниќијевиќ на свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Фотографијата како начин да се коментира светот: Кинематограферите Арамбашиќ, Драгичи, Лијанг и Кеир денеска на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Добрата соработка со кинематограферот секогаш дава чудесни резултати: Лауреатите на 47.ИФФК „Браќа Манаки“ за работата за филм
- Мегафотогалерија: битолчани и нивните гости на црвениот тепих на 47. издание на “Манаки“ во Битола





