Во рамките на годинашниот летен фестивал “Битфест“ синоќа во малата сала на Центарот за култура беше одигран театарскиот проект “Ѓерѓ Кастриот Скендербег”, напишан и изведен од Џеват Лимани, албанско-американскиот актер, а покрај него играше и сопранот Ера Хоџа.

Овој театарски проект го третира психолошки аспект на ораториски пристап на националните херои, спроти стратегија за борба против инвазијата на Отоманската империја. Драмските структури ги осквернуваат протагонистите и антагонистите, хероите и предавниците, платеници и патриоти. Авторот со еден хронолошки фрагментаритет претставува настани од клучно значење за животот и работата на херој на XV век, кој се борел за создавање на државата Арберит. Војната на Скендербег завзеде европски карактер, и затоа денес овој херој е почестен не само од Албанците, туку и од многу народи во Европа.

Покрај двајцата актери други ликови се појавуваат преку филмски секвенци и гласови. Музиката е на Александар Пеци, костимографија на Енкел Дика, а сценарист е Кристак Капедани. Режијата е на Џеват Лимани и Мајкл Тило-актер и режисер во Холивуд.

Изведена театарска претстава “Ѓерѓ Кастриоти – Скендербег“ (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски го објави конкурсот за наградата “Антево перо 2026“
- Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за “Ноти“ во изведба на романската актерка Андреа Танасе (фотогалерија)
- Филмот како мода: „Креативен ден 2026“ ја претвори сцената во визуелен спектакл (мега фотогалерија)
- Денес затворање на Фестивалот на монодрама со доделување награди и претставата “Гидионовиот јазол“
- Четворица јавачи на импровизацијата на Меѓународниот ден на џезот Битола 2026





