Ракометарите на Еурофарм Работник се поразени во првите две кола од грушната фаза на 46. Струшки турнир.
Во првото коло на денот на отворањето на турнирот Еурофарм Работник беше поразен од екипата на словенчкиот првак Целје Пивоварна Лашко минимално со 23:22, полувреме 13:7. Најдобар поединец во составот на Еурофарм Работник беше Филип Чурлевски со постигнати шест гола, а по три дадоа Никола Маркоски и Милан Ѓукиќ.
Еурофарм Работник: Чаневски, Трајкоски, Мемиќ, Кукоски, Мандиќ, Дрогришки, Ивановски, Ивановиќ 2, Ојлески 1, Маркоски 3, Пецаковски, Талевски 2, Чурлевски 4, Граџан 2, Ѓукиќ 4, Кузманоски 4, Петровски, Блажевски.
Ракометарите на Еурофарм Работник и во вчерашниот натпревар беа поразени, овој пат од екипата на турскиот шампион Бешикташ со 31:29, полувреме 15:15. Во вториот дел имаа и предност на 10 минути пред крајот, но не издржа со тоа темпо до крајот. Горан Кузманоски постигна 11 гола за Еурофарм Работник.
Состав на Еурофарм Работник: Чаневски, Трајковски, Иваноски, Петровски, Блажевски, Ивановиќ 2, Ојлески 3, Маркоски 4, Пецаковски, Талевски, Чурлевски 4, Мемиќ, Кукоски, Мандиќ, Дрогришки, Граџан, Џукиќ 5, Кузманоски 11.






