Press "Enter" to skip to content

Томче Трајановски за свој помошник го назначи Димче Ристевски

Пред стартот на второлигашката сезона, која започнува утре, шефот на стручниот штаб на Пелистер, Томче Трајановски го доекипира стручниот штаб што ќе го води клубот.

За свој помошник го назначи Димче Ристевски кој покрај што ќе кали тренерскиот занает, оваа сезона и ќе настапува за екипата на Пелистер.

Покрај Ристевски во стручниот штаб е веќе Саше Велјановски како кондиционен тренер, а како тренер на голманите е ангажиран Сашо Петровски.

Првиот натпревар екипата на Пелистер во новата сезона ќе го игра утре во Скопје, каде игра против истоимената екипа.