На 11. и 12. септември на локации во близина на селата Братиндол и Ротино во Битола се одржаа двe тренинг – показни вежби на тема: Оперативен менаџмент на шумски пожари, наменети за шумските ренџери и противпожарните единици од Пелагонискиот регион.Тренинзите се дел од активностите на проектот “ПРЕВЕНЦИЈА И УПРАВУВАЊЕ СО ПРЕКУГРАНИЧНИ КОМПЛЕКСНИ ПОПЛАВИ И ШУМСКИ ПОЖАРИ – SOLVE“ кој Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го имплементира во рамките на Програмата за прекугранична соработка со Грција 2014-2020 година која е дел од Инструментот за претпристaпна помош на Европската Унија.
Главната цел на проектот е: Да се минимизираат ризиците од шумски пожари (урбани и диви) и поплави во регионот на начин на кој што може да се реплицира и во други региони.
Преку истиот проект набавена е и противпожарна опрема за територијалните противпожарни единици на Битола, Прилеп, Ресен, Крушево и Демир Хисар.
На тренинзите учество зедоа претставници на сите територијални противпожарни единици од регионот како и претставници од Националниот парк “Пелистер“.
Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ги имлементираше овие активности во координација со националниот парк “Пелистер“, ЦУК, ДЗС и сите останати релевантни чинители во областа на противпожарна заштита во регионот.
Професионалната експертиза и логистика на настаните беше на Центарот за едукација и заштита од пожари “Пегаз Еду“ Битола.

Едукација и обуки во Битола за закајнување на системот на противпожарна заштита на регионот (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 21 степен
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Во Битола “Саем на кариера 2025“ на ФИКТ на УКЛО (фотогалерија)
- Во Битола се полагаше тест за вработување во Клиничка болница Битола и општите болници во Прилеп, Охрид и Кичево (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)