Од вчера битолскиот фудбалски интернационалец Марјан Алтипармаковски е нов член на албанскиот прволигаш Љачи, а во дресот на Љаќи ќе ги тресе противничките мрежи во оваа сезона.
Алтипармаковски откако одби неколку понуди, како вели од подалечни земји, се одлучи за поблиска варијанта, а за време додека договараше нов клуб тренираше со екипата на Пелистер.
Последен клуб во кој настапуваше Алтипармаковски беше босанскиот Сараево.






