Press "Enter" to skip to content

На свеченото отворање на “Браќа Манаки“ гостинка Клаудија Кардинале

Во Центарот за култура каде и ќе се одржува 39. издание на фестивалот на филмската камера “Браќа Манаки“ денес се одржа прес-конференција на која беше соопштено дека на свеченото отворање ќе присутвува и италијанската и светски позната филмска актерка Клаудија Кардинале (80), на која ќе и биде лично врачена специјална златна “Камера 300“.

–Клаудија Кардинале беше прогласена за една од најубавите 50 жени во филмската историја, во својата кариера има освоено над 35 награди и признанија, а веруваме дека со задоволство во своите раце, на фестивалската сцена во Битола, ќе ја држи и златаната “Камера 300“, истакна Гена Теодосиевска, директорка на ИФФК “Браќа Манаки“.

Организаторите на ИФФК „Браќа Манаки“ информираа дека натпреварувачкиот дел од годинешната програма ќе го оценува стручно жири предводено од Олимпија Митилинау, кинематограферка од Грција.