Press "Enter" to skip to content

Американците пристигнаа и почнаа со тренинзи со кошаркарите на Пелистер (фото)

Двајцата странци кои ги ангажира управата на кошаркарскиот клуб Пелистер, како засилувања за оваа сезона, пристигнаа во Битола и синоќа го одработија првиот тренинг заедно со екипата.

Се работи за двајца американски кошаркари со кои Пелистер потпиша договори, Тај Харис и Фил Рендолс, за разлика од четворицата кои ги имаше лани.

Од домашните засилувања потпишан е договор со крилниот центар Михајло Арсовски од Скопје, а можно е во Битола да дојде уште едно засилување.

Подготвителниот период до стартот на новата сезона кошаркарите ќе го поминат во Битола, а ќе одиграат и неколку пријателски натпревари.

More from СпортMore posts in Спорт »