Денес, недела, 26 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеролошки работи времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 4 степени.
Утре, понеделник, 27 ноември во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и многу студено, особено наутро. Попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб ветер од променлив правец кој од попладне ќе биде претежно јужен. Температурата во Битола до 4, а утринската до -10 степени.