Претставниците на сите ракометни екипи кои ќе учествуваат на првиот меморијален ракометен турнир “Боро Чурлевски“ денес во хотелот “Епинал“ каде и се сместени најголем дел од нив, одржаа прес конференција на која зборуваат за очекувањата на овој турнир.На ракометениот турнир во “Боро Чурлевски” кој ќе трае до 2-ри септември, а започнува денес, покрај домаќинот Пелистер ќе бидат и францускиот тим Шербург кој за прв пат ќе гостува во Македонија истото важи и за шампионот од соседна Грција , Олимпијакос. Исто така ќе учествува и новајлијата во Суперлигата екипата на Бутел ќе ја има честа да го отвори турнирот заедно со вицешампинот на Турција , Селкаспор како и шампионот на Финска екипата на Кокс .
Организатори на турнирот се Општина Битола заедно со ракометниот клуб Пелистер ќе бидат организатори и домаќини на премиерното издание на интернационалниот турнир “Боро Чурлевски” кој ќе прерасне традиционален.Пред официјалната прес-конференција на претставниците на клубовите се одржа и технички состанок на сите екипи со организаторите.