НУУБ “Св. Климент Охридски“ – Битола по повод патрониот празник, во чест на Св. Климент Охридски во холот на Библиотеката ја постави тематска изложба насловена “Библиотеката за градот во 2023“.
Изложбата содржи дробен печат во “Св. Климент Охридски“ – Битола во периодичните и монографските изданија.
Исто така по повод патронатот директорот на НУУБ „Св.Климент Охридски“ Битола м-р Бојан Стефановски и м-р Фатма Бајрам Аземовска, советник библитекар донираа книги во Приватната установа за социјална заштита на стари лица “ДОМ Софија“ Битола и во Хоспис “Сју Рајдер“ – Битола.
-Книгите имаат позитивно влијание врз емоционалната благосостојба на постарите. Тие можат да обезбедат удобност, радост и чувство на поврзаност со ликовите и приказните. Читањето може да биде терапевтска и смирувачка активност, промовирајќи позитивна емоционална состојба. Донирањето книги во домот за стари лица е внимателен и влијателен начин да се придонесе за благосостојбата на постарите возрасни лица, промовирајќи го когнитивното здравје, емоционалната среќа и чувството за заедница, , рекоа од Библиотеката.
–Библиотеката ги цени и се грижи за своите постари членови, придонесувајќи за чувството на припадност и социјална поврзаност, порачуваат од Библиотеката.

Библиотека за патронот постави изложба на книги и подари книги
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: со “пајак“ ќе се подигнуваат и возила на зелени површини, хаварисани и нерегистрирани возила
- “21 ден во Кина“ – 21 лекција за иднината на бизнисот: Дигиталната економија не е сектор — таа е начин на функционирање (2)
- Во Битола облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 11 степени
- Олимп од Битола со победници на три дистанци во Струмица
- Од светските сцени до полноќните приказни на Битола





