Учениците од Средното медицинско училиште продолжуваат со одржување на матурските концерти, а по солистичките концерти на неколку матурантки, концерт имаа двајца матуранти кои ќе го продолжат школувањето на Академија.
Матурски концерт оджаа Кристијан Трајчевски и Живе Мешуревски кој го насловија на концерт на два баритона, каде покажаа со каков квалитет ќе ја продолжат својата кариера.
Баритоните ја имаа пијано придружбата од проф. м-р Александра Јанковска, а изведоа програма од различни композитори како Скарлати, Моцарт, Чајковски и други.
И досега заедно настапувале, а на натпревар во Софија, Бугарија освоиле втора награда.
Како гости на нивниот концеет се појавија Ангела Трајчевска и Дамјана Апостоловски.
Концертот беше во организација на “Korunovska music & singing“ на професорката во средното музиќко училиште Марија Коруновска.






