Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: целосно изгоре куќа на Баирот, повредени лица нема

Како што е наведено во полицискиот билтен, ноќта во саботата, во 3.30 часот телефонски во Секторот за внатрешни работи Битола било пријавено дека во населбата Баир, лоцирана над магистралниот пат Прилеп-Ресен (обиколница Битола), избувнал пожар во куќата сопственост на С.Р.

Пожарот бил локализиран за еден час од екипа на Територијалната противпожарна единица-Битола.

Од пожарот куќата целосно изгорела, а повредени лица нема.