Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник победник на меѓународниот турнир “Заим Кобилиќ“ во Зеница, БиХ

Млади Рудар – Еурофарм Работник 21:30

Ракометарите на Еурофарм Работник се освојувачи на меѓународниот турнир “Заим Кобилиќ“, откако единствени забележаа победи на двата натпревари.

Во денешното финале битолчани немаа тешка задача против Млади Рудар и победија со 30:21.

Во саботата, во градската арена во Зеница, во полуфиналниот двобој, избраниците на Ѓорѓе Чирковиќ го совладаа босанскиот прволигаш Вогошча Хилс со 30-24.

Горан Кузмановски беше прогласен за најкорисен ракометар на турнирот.

Пред да учествуваат на турнирот во Зеница ракометарите на Еурофарм ја победија екипата на Партизан од Белград во Белград.

Екипата се враќа за Битола, каде во наредните две недели ќе се подготвува за суперлигашкото деби против Пелистер.

Фото: sport.ba