Во прекрасна атмосфера на Платото пред Офицерскиот дом, синоќа Битола ја дочека Новата година, а платотото и просторот кај куќичките беа претесни за сите кои сакаа зааеднички во Битола да ја испратат и дочекаат Новата 2024 година.За крај на “Зимската приказна“ и успешен почеток на Новата година, програмата беше исполнета со „Eruption Band“, „Elicsir band“, Групата „Чоканче“ и Битолскиот дувачки оркестар надополнет со Стендап комедија на Марјан Ѓорѓиевски.Точно на полноќ, впечатливи светлосни ефекти го означија почетокот на 2024 година, а градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски на сите граѓани им посака многу здравје, среќна и успешна година.Традиционално, планинарите од групата „Олимпус Монс“, синоќа го започнаа искачувањето на Пелистер, како дел од првиот настан за оваа година, насловен „Први на први“.
Битолчани со Битолскиот дувачки и Марјан Ѓорѓиевски и честитка од градоначалникот “влегоа“ во 2024 година
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)