Press "Enter" to skip to content

Превентивни мерки за сузбивање на непрописното паркирање (фото)

Кампањата „НЕДЕЛА НА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ“ продолжува со превентивни мерки за сузбивање на непрописното паркирање. Кампањата во целост, а посебно денешната теренска работилница се реализира со поддршка на ДПН “Градски паркинзи Битола“.

-Во текот на денешниот и следните неколку денови наше возило брендирано со официјалното лого на кампањата и нашите вработени униформирани под логото на кампањата и во соработка со овластени службеници од СВР Битола ќе поставуваат хенгери и грепки за непрописно паркирани возила во сите зони, денес со акцент на централното градски подрачје – рече Јулијана Цветковска од ДПН “Градски паркинзи Битола“.Директорот, Иле Колчакоски најави дека ДПН Градски паркинзи Битола привршува со подготовките околу бетонирањето и уредувањето на просторот, конструкцијата и монтажата на трите ВЕЛО-ПАРКИРАЛИШТА кај “АТ Пазар“, “Јавор“ и кај споменикот на Стив Наумов кај Офицерски Дом,  донација на ДПН Градски паркинзи Битола со која не само што сакаат да ја поддржат кампањата туку и да придонесат за подобрување на состојбата со сообраќајот во градот воопшто.

Jавниот функционален простор го рефлектира основниот карактер на секој град, преку кој и Битола треба да остане препознатливa и запаметенa. Но, мобилноста, брзиот пораст и високиот степен на моторизација повлекоа повисока побарувачка од понуда и во динамичкиот и во сообраќајот во мирување. Европските истражувања покажуваат дека 30% од загадувањето од издувни гасови во централните градски подрачја доаѓа од возилата кои кружат по улиците во потрага по паркинг место, а како мерка истите ЕУ искуства предлагаат постепено ограничување и намалување на бројот на расположиви паркинг места во градските центри, наспроти подигање на капацитетите на јавните паркинг гаражи, лоцирани на приодите кон центарот.-Во нашиот град проблемот со недостаток на места за паркирање е присутен и во зоните за домување и во зоните на училиштата, а побарувачката е посебно нагласена во централното јадро заради концетрација на дејности и активности. Основна закана е тоа што приближно 70% од патувањата се реализираат со патнички моторни возила и има појава на висок % на непрописно улично паркирање кое повлекува намален капацитет и безбедност на улиците, рече  д-р Јасмина Талевска, претседател на Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Битола.

Работилницата “Училишните тротоари се за деца, а не за возила“ ја продолживме и денес во ООУ Даме Груев и ООУ Ѓорѓи Сугарев, , од денес ја започнуваме и работилницата „АВТОБУСКИТЕ СТОЈАЛИШТА НЕ СЕ ОГЛАСНА ТАБЛА“, со чистење на автобуските стојалишта од сите видови на рекламен и друг материјал и натписи.И оваа акција ја помогнаа припадниците на “УЧИЛИШНАТА СООБРАЌАЈНА ЕДИНИЦА-УСЕ“ од СОУ “Таки Даскало“ од Битола, нивниот раководител проф. м-р Гордана Кожуварова и членовите на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »