Како и секоја години, во изминатите четириесетина години со започнувањето на школската година започнаа и тренинзите во будо-центарот “Пелистер“, под раководство на мајсторот 7. дан Ѓуро Илиќ. За стартот на оваа сезона Илиќ вели:
-Оваа година започнавме со тренизни, односно со формирање на групите на 3 септември, со стартот на школската година. Сите кои беа во тренажен процес од минатата сезова веќе се вратени на “работните задачи“, со мали исклучоци и веќе со тренерите и со мене ги започнаа тренинзите кои воедно и подготовки за натпреварите кои ќе се очекуваат оваа сезона, на домашен и меѓународен план.
Како ја пречекавте оваа сезона и во кои боречки вештини оваа сезона ќе тренираат битолчани?
-Како и секоја година прво што работиме пред стартот на сезоната ја подготвуваме салата која е во беспрекорна состојба и тука може да се одржуваа сите тренинзи, а секако направивме и рекламен материјал кој се уште го делиме со кој ги запознаваме битолчани со условите и боречките вештини кои може да се тренираат и да се совладаат кај нас во будо центарот. Во будо-центарот може да се тренира џудо, реален аикидо и џиу-џицу, вели тренерот Ѓуро Илиќ.
Дали има новини оваа сезона?
-Покрај старосните групи во сите спортови кои ги имавме лани оваа година започнавме да работиме со групи со деца од 4 години, за што морам веднаш да кажам сум пријатно изненаден од тоа како започнаа со работа. Тоа е новитетот оваа сезона, а тука ќе биде интересно и групите, колку ќе ги има, за реален аикидо – за возрасни, за самоодбрана, вели Илиќ, кој додава дека се уште има време сите битолчани, без разлика од која возраст се, да се вклучат во постојаните групи или пак доколку ги има повеќе да си направат своја група и да тренираат и да ги совладуваат боречките вештини.
А, ние ќе додадеме, дека искуството од 40 години, мајсторот Ѓуро Илиќ-7. дан, високо образованите тренери и условите за работа се доволен мотив секој кој има афинитети кон боречките спортови да се пријави и да започне со тренинг и совладување на тајните на овие традиционални спортови.
С.Р.






