Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер го победија Куманово во пријателски натпревар (фото)

Пелистер – Куманово 79:76

Кошаркарите на Пелистер денес на ппалдне, во спортската сала “Боро Чулевски“ го одиграа првиот контролен натпревар во Битола, против екипата на Куманово. 

“Пелистерци“ победија со три коша разлика 79:76, а тренерот на Пелистер, Предраг Созовски им даде шанса на сите кошаркари на кои смета во сезоната која е на прагот.-Ова беше втор по ред контролен-пријателски натпревар во кој пробавме да одиграме работи кои ги трениравме во изминатиот период. Во оваа фаза резултатот е во втор план, а секако ќе има уште натпревари за воигрување на екипата до стартот на сезоната која е закажан за првиот викенд во октомври, вели тренерот на Пелистер, Предраг Созовски.

На првата контрола изминатиот викенд екипата на Пелистер беше поразена од екипата на Блокотехна на гостувањето во Гевгелија.