Единствениот кугларски клуб од Битола деновиве донесе одлука со која се променува името на клубот. Наместо Хераклеја, ќе го носи името Пелистер, како најголем број од спортските клубови од Битола.
-Како што најавивме кугларскиот клуб Хераклеа – Битола го промени своето име и како единствен кугларски клуб од Битола повторно ќе го носи препознатливиот бренд и боите на спортска Битола. Нека е аирлија и нека успесите во минатото на сите кугларски клубови бидат само поттик за наредните генерации на куглари, нека има повеќе кугларски клубови, нека има конкуренција и квалитет. Битола тоа ем го може, ем го заслужува, се вели во соопшението на кугларскиот клуб Пелистер.






