Press "Enter" to skip to content

РЕК “Битола“ победник на спортските работнички игри на Државните електрани

Екипата на РЕК “Битола е севкупен победник на спортските работнички игри што викендов се одржаа во автокампот “Ливадишта“, кај Струга во организација на Синдикатот на АД ЕЛЕМ.

Во вкупниот пласман, според резултатите од сите дисциплини во кои се натпреваруваа вработените во Државните електрани на Македонија, екипата на РЕК “Битола“ беше првопласирана, на второто место се најде екипата составена од спортисти вработени во Дирекцијата на АД ЕЛЕМ во Скопје, а на третото место заврши втората екипа на РЕК “Битола“. Наградата за фер плеј на спортските работнички игри на АД ЕЛЕМ отиде во рацете на екипата од РЕК “Осломеј“.За време на спортските работнички игри, осум екипи од подружниците на АД ЕЛЕМ и Дирекцијата на Државните електрани се натпреваруваа во девет дисциплини. На игрите учество зедоа околу 650 вработени кои преку спорт и рекреација го тестираа натпреварувачкиот дух, но и го градеа духот на заедништво и солидарност. Гости на игрите беа претставници на синдикалните организации од областа на енергетиката од Косово, Србија и Бугарија, а на ревијалниот натпревар во мал фудбал помеѓу екипите на менаџментот на АД ЕЛЕМ и синдикални претседатели во компанијата, правдата ја делеше Заменик Претседателот во Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев. Натпреварот во регуларниот дел заврши нерешено, 2:2, а на пенали победија директоритево АД ЕЛЕМ со резултат 4:2.Менаџментот на АД ЕЛЕМ ги поздрави синдикалните спортски игри кои ги организираше Синдикатот на ЕЛЕМ и зеде активно учество на истите, порачувајќи дека работникот е на пиедесталот на интересите на најзначајната македонска енергетска компанија.
Во продолжение следува детален преглед на пласманот по дисциплини и конкуренција.Одбојка – мажи

РЕК Битола 1 1-во Место
Енергетика Скопје и Треска 2-ро Место
РЕК Осломеј 3-то Место
ХЕС Црн Дрим и ХЕЦ Тиквеш 4-то Место
Дирекција на АД ЕЛЕМ 5-то Место
РЕК Битола 2 6-то Место
ФОРД Кичево и ФОД Новаци 7-мо Место
ХЕС Маврово 8-мо Место

Кошарка – мажи

ХЕС Маврово 1-во Место
РЕК Битола 1 2-ро Место
Дирекција на АД ЕЛЕМ 3-то Место
РЕК Осломеј 4-то Место
Енергетика и Треска 5-то Место
ФОРД Кичево и ФОД Новаци 6-то Место
ХЕС Црн Дрим и ХЕЦ Тиквеш 7-мо Место
РЕК Битола 2 8-мо Место

Кошарка – жени

РЕК Битола 1 1-во Место
Дирекција на АД ЕЛЕМ 2-ро Место
РЕК Битола 2 3-то Место
РЕК Осломеј 4-то Место
ХЕС Маврово 5-то Место
ФОРД Кичево и ФОД Новаци 6-то Место
Енергетика и Треска 7-мо Место
ХЕС Црн Дрим и ХЕЦ Тиквеш 8-мо Место

Одбојка – жени

РЕК Битола 1 1-во Место
Дирекција на АД ЕЛЕМ 2-ро Место
РЕК Битола 2 3-то Место
РЕК Осломеј 4-то Место
ФОРД Кичево и ФОД Новаци 5-то Место
Енергетика и Треска 6-то Место
ХЕС Маврово 7-мо Место
ХЕС Црн Дрим и ХЕЦ Тиквеш 8-мо Место

ПИКАДО – поединечно

Бети Десоска 1-во Место
Јасмина Кузмановска 2-ро Место
Ленче Димитриева 3-то Место

ПИНГ – ПОНГ – мажи

РЕК Битола 1 1-во Место
РЕК Битола 2 2-ро Место
ХЕС Маврово 3-то Место

ПИНГ – ПОНГ – жени

РЕК Битола 1 1-во Место
Дирекција на АД ЕЛЕМ 2-ро Место
РЕК Битола 2 3-то Место

ФРЛАЊЕ ЃУЛЕ – поединечно

Тина Трајковска 1-во Место
Николина Китановска 2-ро Место
Кети Стојковска 3-то Место

КРОС – поединечно

Ирена Сиљанова 1-во Место
Бети Трајковска 2-ро Место
Јованка Стојанова 3-то Место

Скок во далечина – поединечно

Христина Ристоска 1-во Место
Тања Коцарева 2-ро Место
Даниела Петковска 3-то Место

МАЛ ФУДБАЛ

РЕК Битола 1 1-во Место
РЕК Битола 2 2-ро Место
ФОРД Кичево и ФОД Новаци 3-то Место
Дирекција на АД ЕЛЕМ 4-то Место
РЕК Осломеј 5-то Место
Енергетика и Треска 6-то Место
ХЕС Црн Дрим и ХЕЏ Тиквеш 7-мо Место
ХЕС Маврово 8-мо Место

ШАХ – поединечно

Ѓорѓи Карапетов 1-во Место
Џино Јанески 2-ро Место
Џелал Идризи 3-то Место