Press "Enter" to skip to content

“Ветераните“, а потоа цела сала го поздравија Цане Крстевски, екс-тренерот на Пелистер

Најтрофејниот тренер на ракометниот клуб, Цане Крстевски, како и на секоја средба од истото место го следеше и градското ракометно дерби помеѓу Пелистер и Еурофарм Работник. Него го здогледаа навивачите “Ветерани“ и почнаа да го скандираат неговото име.

Но, за брзо беше тоа прифатено од сите навивачи во салата “Боро Чурлевски“ кои исто така се придружија во скандирањето, па така наеднаш се создаде пријатна атмосфера меѓу публиката.Повозрасните се присетија кога Цане имаше најголем аплауз кога на почетокот на секој натпревар кога официјалниот спикер ги најавуваше ракометарите, а оние кои се поупатени, се присетија кога при една прослава на титула во некогашниот хотел “Битола“ пееја: “петта титула, ама четврта на Цане“.

Цане Крстевски не го најдовме по завршувањето на средбата да го прашаме како се чувствува кога по многу години публиката повторно го скандира неговото име, но сигурни сме дека многу сеќавања му се вратија и дека емоциите си го имаат направено своето.

С.Р.