Денес, недела, 12 мај, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со променлива умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во Битола до 22 степени.
Утре, понеделник, 13 мај, во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во Битола до 22 степени.






