Штип – Пелистер 47:49 (ветерани)
Кошаркарските ветерани на Пелистер пред нивните колеги од првиот тим на Пелистер ја започнаа годинашната сезона.
Првиот настап го имаа во Штип каде играа против своите колеги ветерани и ја забележаа првата победа, минимално со кош во последните секунди од натпреварот, кој го постигна Драган Наумовски.
-Ова е прв натпревар оваа сезона, кој го победивме, но како и на секоја средба за нас резултатот е во втор план, бидејќи нам ни е прво да се дружиме со нашите некогашни лути непријатели на паркетот кога се боревме за бодови и победи. Сега тоа ривалство е претворено во големо пријателство, вели Драган Наумовски.
Иако не се активна екипа, сепак ветераните на Пелистер имаат свое здружение, а тренираат по два пати неделно и подготвени стартуваат во овие натпреаври, а за оваа сезона се надеваат дека ќе одиграат десетина.
Досега имаат одиграни и на два турнири во Хрватска и Македонија, а играле и против сите екипи во Македонија кои имаат вакви екипи-ветерани.
С.Р.






