Press "Enter" to skip to content

“Есенскиот крос“ на Шеталиште, победници “Ѓорѓи Сугарев“ и Горната (фото)

Во организација на Опптинскиот сојуз на училишен спорт од Битола се одржа традиционалниот  “Есенски крос“ на кој учествуваа ученици од основно и средно образование од општина Битола, а трчаа и од соседните општини Новаци и Могила.

Како организатор на “Есенскиот крос“ беше и Центарот за јавно здравство од Битола.

Победници на кросот од основните училишта се учениците од ОУ “Ѓорѓи Сугарев“, второпласирани од ОУ “Коле Канински“, а третопласирани се учениците од ОУ “Стив Наумов“.Во средно образование победници се средношколците од Гимназијата “Јосип Броз Тито“, второпласирани од средното медицинско училиште “Јован Калаузи“, а на трето место од техничкото училиште “Ѓорѓи Наумов“.

Претседателот на општинскиот сојуз на училишен спорт, Михајло Трампевски по завршувањето на кросот рече:

-На традиционалниор “Есенски крос“ учествуваа ученици кои ги селектораа професорите по физичко образование од сите основни и средни училишта од Битола, а оваа година трчаа и ученици од соседните општини Могила и Новаци. Самиот факт што се појавија на стартот толку ученици, за нас како Сојуз за училишен спорт, е големо задоволство бидејќи и целта на  организирањето на ваквите натпреварувања е масовноста и вклучувањето на учениците во спортските активности.

С.Р.