Press "Enter" to skip to content

АД “ЕЛЕМ“ подружница РЕК “Битола“ спонзор на кугларскиот клуб Пелистер (фото)

Вчера вечер во кугланата на кугларскиот клуб Пелистер од Битола, беше како рекоа кугларите, посебен ден за нив, бидејќи по долго време имаа спонзор кој се погрижи за нив да имаат подобро услови за работа.АД “ЕЛЕМ“, подружница РЕК “Битола“ е новиот спонзор на Пелистер, а под нивно спонзорство е набавена нова спортска опрема за кугларите, а договорени се и подготвовските за престојниот NBC Куп.-Оваа 2018 година е многу значајна година за битолското куглање. И на локално и на национално и на меѓународно ниво. Значајна и за клубот, за сениорите, за јуниорите, а посебно за кадетите. Благодарност до“ ЕЛЕМ“ – подружница РЕК “Битола“, но и до Општина Битола со чија помош продолжуваат актовностите на кугларите, рече Игор Михајловски, кој додаде и тоа дека во Битолската куглана од 1982 година од кога постои клубот па до денес, за прв пат влегува Генерален директор на РЕК “Битола“, Васко Ковачевски, воедно и спонзор на клубот, а нагласи и дека добро кугла.-АД “ЕЛЕМ“ подружница РЕК “Битола“ продолжува да биде општествено одговорна компанија, која со еден ваков гест ја продолжува соработката со спортските клубови од Битола. Оваа сезона која следи за кугларите од Пелистер за нив е значајна и сакавме да помогнеме да стигнат до посакуваните резултати, рече про предавањето на опремата генералниот директор на РЕК “Битола, Васко Ковачевски, кој беше заедно со претседателот на синдикалната организација на Комбинатот, Менде Јосифовски.Михајловски ја искористи приликата да се пофали и со успешноста на првата фаза од проектот “Кугламе и сме среќни“ со заедно со новните нови кугларчиња од трите Општини (Битола, Могила и Новаци), а како вели Битола ги живее можеби најубавите мигови во кугларскиот спорт.

С.Ристевски

Фото: Гордана Аџиева-Михајловска