Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: физички напад од зет за сестра, приведување за дрога, 70 годишна жена нападната од сопругот

На 22.07.2024 во СВР Битола, 35 – годишник од Битола пријавил дека пред угостителски објект во село Ивањевци, општина Могила, бил физички нападнат од неговиот зет за сестра. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 23.07.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 37 годишник од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис, халуциногени печурки и други предмети со остатоци од прашкаста материја. Лицето било приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.07.2024 во СВР Битола, 70-годишна жителка битолско село пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчитување на настанот.

More from ВестиMore posts in Вести »